штрека
Значење на штрека:
1. Предизвикува чувство на остра болка, жега, боде. Главата силно ме штрека. Нешто го штрека во половината. Остра болка ја штрека низ градите.
2. За вода и за течност – силно блика. Штрекаше вода од сите страни. Од цистерната штрекаше нафта.
Коњугација: штрекаат.
Изведени зборови:
- се ~ штрека, Се вознемирува, се потресува, се стресува. Тој се штрека од нејзините зборови.
- штрекање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
штрека, штрекаат несв. 1. Предизвикува чувство на остра болка, жега, боде. Главата силно ме штрека. Нешто го штрека во половината. Остра болка ја штрека низ градите. 2. За вода и за течност – силно блика. Штрекаше вода од сите страни. Од цистерната штрекаше нафта. ● се ~ Се вознемирува, се потресува, се стресува. Тој се штрека од нејзините зборови. ‖ глаг. им. штрекање ср.