штрекне
Значење на штрекне:
1. Предизвика чувство на остра болка. Остра болка ме штрекна во градите. Нешто го штрекна во раката.
2. За вода, за течност – силно бликне. Штрекна вода од ископината. Од раката штрекна крв.
3. Предизвика некој да се вознемири, да се стресе, да се сепне. Го штрекна гласот на мајка му. Силниот тресок на вратата го штрекна.
Коњугација: (ќе) штрекнеа , (ќе) штрекнев , (ќе) штрекнел, штрекнаа , штрекнав , штрекнал , штрекнат , штрекнат , штрекнете , штрекни .
Изведени зборови:
- се ~ штрекне, 1. Се вознемири, се стресе, се исплаши од нешто или од некоја ненадејна постапка. Таа се штрекна од гласот на девојката. Тој се штрекна од чекорите што ги чу зад себе. Тие се штрекнаа од неговите зборови. 2. (прен. разг.) Се избезуми, збудале, изгуби разум. По трагедијата тој се штрекна и се осами.
- (се) штрекнува, глаг. несв. (се) штрекнуваат – повт.
- штрекнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
штрекне, штрекнат; штрекни, штрекнете; штрекнав, штрекнаа; штрекнал; штрекнат; (ќе) штрекнев, (ќе) штрекнеа; (ќе) штрекнел св. 1. Предизвика чувство на остра болка. Остра болка ме штрекна во градите. Нешто го штрекна во раката. 2. За вода, за течност – силно бликне. Штрекна вода од ископината. Од раката штрекна крв. 3. Предизвика некој да се вознемири, да се стресе, да се сепне. Го штрекна гласот на мајка му. Силниот тресок на вратата го штрекна. ● се ~ 1. Се вознемири, се стресе, се исплаши од нешто или од некоја ненадејна постапка. Таа се штрекна од гласот на девојката. Тој се штрекна од чекорите што ги чу зад себе. Тие се штрекнаа од неговите зборови. 2. (прен. разг.) Се избезуми, збудале, изгуби разум. По трагедијата тој се штрекна и се осами. ‖ (се) штрекнува, (се) штрекнуваат несв. – повт. ‖ глаг. им. штрекнување ср.