штрк
Зоологија.
Значење на штрк:
Преселна птица со долг, црвен клун и долги, црвени нозе; Ciconia alba. Штрковите заминаа. На врвот од стеблото имаше легло на штркови.Множина: штркови.
Изведени зборови:
- штркче, и. ср. мн. штркчиња, штрче, мн. штрчиња дем и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Штркот го донел – наивност, лекоумност.
Оригинални податоци:
штрк, мн. штркови м. (зоол.) Преселна птица со долг, црвен клун и долги, црвени нозе; Ciconia alba. Штрковите заминаа. На врвот од стеблото имаше легло на штркови. ◊ Штркот го донел – наивност, лекоумност. ‖ штркче, мн. штркчиња, штрче, мн. штрчиња ср. дем и хип.