штркне
Значење на штркне:
1. За трева, стебло, прачка и сл. – изникне, израсне наеднаш и подаде дел од себе. Штркнаа првите пролетни цвеќиња. Штркна житото.
2. (прен.) За дете и за животно – надвиши, подрасне, израсне над другите. По една година тој штркна над помалите деца. Таа штркнала меѓу своите врснички.
Коњугација: (ќе) штркнеа , (ќе) штркнев , (ќе) штркнел, штркнаа , штркнав , штркнал , штркнат , штркнат , штркнете , штркни .
Изведени зборови:
- се ~ штркне, Се исправи, се подаде над други или над некоја пречка. Се штркнале младите ластари. Тој се штркнал над другарите.
- (се) штркнува, глаг. несв. (се) штркнуваат
- штркнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
штркне, штркнат; штркни, штркнете; штркнав, штркнаа; штркнал; штркнат; (ќе) штркнев; (ќе) штркнеа; (ќе) штркнел св. 1. За трева, стебло, прачка и сл. – изникне, израсне наеднаш и подаде дел од себе. Штркнаа првите пролетни цвеќиња. Штркна житото. 2. (прен.) За дете и за животно – надвиши, подрасне, израсне над другите. По една година тој штркна над помалите деца. Таа штркнала меѓу своите врснички. ● се ~ Се исправи, се подаде над други или над некоја пречка. Се штркнале младите ластари. Тој се штркнал над другарите. ‖ (се) штркнува, (се) штркнуваат несв. ‖ глаг. им. штркнување ср.