штукне
Значење на штукне:
1. Ненадејно исчезне, се изгуби. Децата негде штукнаа. Таа штукна низ продавниците.
2. (разг.) Избезуми, побудале. Тој ќе штукне од оваа бучава. Таа штукна од помислата дека ќе ме изгуби.
Коњугација: (ќе) штукнеа , (ќе) штукнев , (ќе) штукнел, штукнаа , штукнав , штукнал , штукнат , штукнат , штукнете , штукни .
Изведени зборови:
- се ~ штукне, Се избезуми, се збудале. Јас се штукнав.
- (се) штукнува, глаг. несв. (се) штукнуваат
- штукнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му штукна умот – се побудале, се поизгуби во умот.
Оригинални податоци:
штукне, штукнат; штукни, штукнете; штукнав, штукнаа; штукнал; штукнат; (ќе) штукнев, (ќе) штукнеа; (ќе) штукнел св. 1. Ненадејно исчезне, се изгуби. Децата негде штукнаа. Таа штукна низ продавниците. 2. (разг.) Избезуми, побудале. Тој ќе штукне од оваа бучава. Таа штукна од помислата дека ќе ме изгуби. ◊ Му штукна умот – се побудале, се поизгуби во умот. ● се ~ Се избезуми, се збудале. Јас се штукнав. ‖ (се) штукнува, (се) штукнуваат несв. ‖ глаг. им. штукнување ср.