шукне 2
Разговорен збор, израз.
Значење на шукне:
Втурне, втера, вовлече нешто. Детето го шукна јаболкото во ранецот.Коњугација: (ќе) шукнеа , (ќе) шукнев , (ќе) шукнел, шукнаа , шукнав , шукнал , шукнат , шукнат , шукнете , шукни .
Изведени зборови:
- се ~ шукне, Се вовлекува, влегува, се спротнува. Змијата се шукнала во дупката. Тој се шукна во собата на девојката.
- (се) шукнува, глаг. несв. (се) шукнуваат
- шукнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
шукне2 шукнат; шукни, шукнете; шукнав, шукнаа; шукнал; шукнат; (ќе) шукнев, (ќе) шукнеа; (ќе) шукнел св. (разг.) Втурне, втера, вовлече нешто. Детето го шукна јаболкото во ранецот. ● се ~ Се вовлекува, влегува, се спротнува. Змијата се шукнала во дупката. Тој се шукна во собата на девојката. ‖ (се) шукнува, (се) шукнуваат несв. ‖ глаг. им. шукнување ср.