шум
Значење на шум:
1. Неопределен звук, ненамерно или намерно произведен при извршувањето на некоја дејност или при некакво дејство; звук. Таинствен шум. Се слушна некаков шум од визбата. Тивки шумови. Шумови од телевизорот.
2. Тивко зуење или треперење во некој дел од телото кај човек ( уши, глава, срце, гради). Шумови во главата. Шум на срцето. Шумови во градите.
Множина: шумови.
Оригинални податоци:
шум, мн. шумови м. 1. Неопределен звук, ненамерно или намерно произведен при извршувањето на некоја дејност или при некакво дејство; сп. звук. Таинствен шум. Се слушна некаков шум од визбата. Тивки шумови. Шумови од телевизорот. 2. Тивко зуење или треперење во некој дел од телото кај човек ( уши, глава, срце, гради). Шумови во главата. Шум на срцето. Шумови во градите.