шума
Значење на шума:
1. Голема површина засадена со стебла; предел обраснат со дрвја; гора. Густа шума. Ретка шума. Борова шума. Дабова шума. Се изгуби во шумата.
2. Лисје или некои остатоци, гранки од растенија. Шумата ја собираа на едно место и ја палеа. Таа се покри со шума.
3. Исушени стебла и лисје од пченка, пченковина.
Множина: шуми.
Изведени зборови:
- шумиче, и. ж. мн. шумичиња ср., шумичка, мн. шумички дем.
- шумиште, и. ср. аугм.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ја фати шумата – побегна в планина.
Оригинални податоци:
шума, мн. шуми ж. 1. Голема површина засадена со стебла; предел обраснат со дрвја; гора. Густа шума. Ретка шума. Борова шума. Дабова шума. Се изгуби во шумата. 2. Лисје или некои остатоци, гранки од растенија. Шумата ја собираа на едно место и ја палеа. Таа се покри со шума. 3. Исушени стебла и лисје од пченка, пченковина. ◊ Ја фати шумата – побегна в планина. ‖ шумиче, мн. шумичиња ср., шумичка, мн. шумички ж. дем. ‖ шумиште, мн. шумишта ср. аугм.