шумен
Значење на шумен:
1. Што нагласено испушта шум, што шуми; бучен. Шумна гора. Шумна река. Шумни водопади.
2. Исполнет со врева, со шум. Шумна расправија. Шумна публика.
3. (прен.) Гласен, околу кој се крева врева, бука. Шумен процес. Шумна афера.
Членувана форма: шумниот.
Изведени зборови:
- шумно, прил. Таа шумно ја исплука храната. Тој шумно ја голташе ракијата. Разговараа шумно.
- шумност, и. ж.
Оригинални податоци:
шумен, шумниот прид. 1. Што нагласено испушта шум, што шуми; бучен. Шумна гора. Шумна река. Шумни водопади. 2. Исполнет со врева, со шум. Шумна расправија. Шумна публика. 3. (прен.) Гласен, околу кој се крева врева, бука. Шумен процес. Шумна афера. ‖ шумно прил. Таа шумно ја исплука храната. Тој шумно ја голташе ракијата. Разговараа шумно. ‖ шумност ж.