шуми
Значење на шуми:
1. Испушта, издава шум. Во долината шуми надојдено поточе. Шумат брезите. Шумеа лисјата во налетот на ветрот.
2. Прави шум, создава шум. Под хаубата чудно шумеше моторот. Момчето шумеше со листовите.
3. Чувствува шум, шумење – во главата, во ушите. Мене ми шуми во главата. Ушното тапанче ми шуми и чувствувам болка. Ушите ми шумеа од прегласната музика.
Коњугација: шумат.
Изведени зборови:
- шумење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
шуми, шумат несв. 1. Испушта, издава шум. Во долината шуми надојдено поточе. Шумат брезите. Шумеа лисјата во налетот на ветрот. 2. Прави шум, создава шум. Под хаубата чудно шумеше моторот. Момчето шумеше со листовите. 3. Чувствува шум, шумење – во главата, во ушите. Мене ми шуми во главата. Ушното тапанче ми шуми и чувствувам болка. Ушите ми шумеа од прегласната музика. ‖ глаг. им. шумење ср.