шупа
Значење на шупа:
1. Помошна просторија непосредно до живеалиште за сместување огрев, резерви од храна и сл. Тие имаат дрвена шупа во дворот. Ѕидана шупа. Голема шупа со мал прозорец од едната страна.
2. (прен.) Неугледно сместувалиште, несоодветно приспособено место за живеење. Тие живеат во дотраена шупа.
Множина: шупи.
Оригинални податоци:
шупа, мн. шупи ж. 1. Помошна просторија непосредно до живеалиште за сместување огрев, резерви од храна и сл. Тие имаат дрвена шупа во дворот. ѕидана шупа. Голема шупа со мал прозорец од едната страна. 2. (прен.) Неугледно сместувалиште, несоодветно приспособено место за живеење. Тие живеат во дотраена шупа.