шушка
Значење на шушка:
1. Прави, испушта некаков шум. Шушка нешто во сламата. Шушкаат сувите лисја.
2. Неправилно, нејасно изговара одделни гласови. Тој шушкаше при зборувањето кога ја носеше протезата. Кога зборуваше бргу, шушкаше и никој не можеше да го разбере.
3. (прен.) Минува во сомнително движење определен простор. Некој човек шушкаше околу куќата.
4. (прен.) Зборува потајно, прикриено од другите. Жените во селото шушкаа дека таа си заминала.
5. Искажува некому нешто со шепотење, придушено. Таа му шушкаше нешто припиена до него.
Коњугација: шушкаат.
Изведени зборови:
- се ~ шушка, 1. Се зборува, тајно се шират гласини, информации. Се шушка дека имале многу пари. Во семејството се шушкаше дека тој ќе се жени. 2. (прен.) Се метка, се движи потајно. Тој се шушка околу нејзината зграда за да ја сретне.
- шушкање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
шушка, шушкаат несв. 1. Прави, испушта некаков шум. Шушка нешто во сламата. Шушкаат сувите лисја. 2. Неправилно, нејасно изговара одделни гласови. Тој шушкаше при зборувањето кога ја носеше протезата. Кога зборуваше бргу, шушкаше и никој не можеше да го разбере. 3. (прен.) Минува во сомнително движење определен простор. Некој човек шушкаше околу куќата. 4. (прен.) Зборува потајно, прикриено од другите. Жените во селото шушкаа дека таа си заминала. 5. Искажува некому нешто со шепотење, придушено. Таа му шушкаше нешто припиена до него. ● се ~ 1. Се зборува, тајно се шират гласини, информации. Се шушка дека имале многу пари. Во семејството се шушкаше дека тој ќе се жени. 2. (прен.) Се метка, се движи потајно. Тој се шушка околу нејзината зграда за да ја сретне. ‖ глаг. им. шушкање ср.