шут 1

Именка, машки род

Значење на шут:

1. Забавувач, засмејувач, смешник; човек облечен во шарена облека што ги забавува другите со своите лудории, обично правејќи шеги на своја сметка; палјачо_2. Селски шут. Дворски шут.

2. (прен., пејор.) Лице што прави будала од себе со своето однесување. Во нашето семејство тој секогаш изигрува некаков шут.

Множина: шутови.

Изведени зборови:

  • шутовски, прид. шутовскиот Шутовско сценарио. Шутовски однесувања.

Оригинални податоци:

шут1, мн. шутови м. 1. Забавувач, засмејувач, смешник; човек облечен во шарена облека што ги забавува другите со своите лудории, обично правејќи шеги на своја сметка; сп. палјачо 2. Селски шут. Дворски шут. 2. (прен., пејор.) Лице што прави будала од себе со своето однесување. Во нашето семејство тој секогаш изигрува некаков шут. ‖ шутовски, шутовскиот прид. Шутовско сценарио. Шутовски однесувања.