шут
Значење на шут:
1. За рогато животно – што е со оштетени рогови или без нив. Шут елен. Шута коза. Шут вол.
2. За сад, посатка (стомна, барде, грне, чаша и сл.) – што е поткршена некаде. Шути бардиња. Шута стомна. Шути кригли за пиво.
3. (прен.) Гол, празен, непотполн, сиромашен. Куќава е шута без неа. Собата е шута без завеси.
4. (прен.) За човек – налудничав, не е со сиот ум. Шуто момче. Шут соговорник.
Членувана форма: шутиот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Шуто и рогато – збирштина, сѐ и сешто. Шуто ми е – празно, тешко, тегобно. Ем шуто, ем боде – неспособен е, а сака да се наметне.
Оригинални податоци:
шут, шутиот прид. 1. За рогато животно – што е со оштетени рогови или без нив. Шут елен. Шута коза. Шут вол. 2. За сад, посатка (стомна, барде, грне, чаша и сл.) – што е поткршена некаде. Шути бардиња. Шута стомна. Шути кригли за пиво. 3. (прен.) Гол, празен, непотполн, сиромашен. Куќава е шута без неа. Собата е шута без завеси. 4. (прен.) За човек – налудничав, не е со сиот ум. Шуто момче. Шут соговорник. ◊ Шуто и рогато – збирштина, сѐ и сешто. Шуто ми е – празно, тешко, тегобно. Ем шуто, ем боде – неспособен е, а сака да се наметне.