шутар
Значење на шутар:
Поткршен, скршен сад (грне, бардаче) – шут сад, шута посатка. Немаше филџан како што треба, само шутари. Ми даде кафе во еден шутар.Множина: шутари.
Изведени зборови:
- шутаре, и. ср. дем.
Оригинални податоци:
шутар, мн. шутари м. Поткршен, скршен сад (грне, бардаче) – шут сад, шута посатка. Немаше филџан како што треба, само шутари. Ми даде кафе во еден шутар. ‖ шутаре, мн. шутариња ср. дем.