шутира
Значење на шутира:
1. (спорт.) Во некои спортови (фудбал, ракомет, кошарка, ватерполо и сл.), насочи, насочува топка во определен простор, отфрли, отфрлува со удар со нога или со рака. Тој шутираше директно во мрежата на противникот. Таа одлично шутира со левата рака.
2. Удри, удира нешто со нога. Детето шутираше една конзерва. Таа ги шутира камчињата на патот.
3. (прен.) Грубо отстрани, отстранув, истера, истерува некого од негде. Него сите го шутираа и на крајот дојде до нејзината врата.
Коњугација: шутираат , шутирајќи.
Изведени зборови:
- шутирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
шутира, шутираат; шутирајќи св. и несв. 1. (спорт.) Во некои спортови (фудбал, ракомет, кошарка, ватерполо и сл.), насочи, насочува топка во определен простор, отфрли, отфрлува со удар со нога или со рака. Тој шутираше директно во мрежата на противникот. Таа одлично шутира со левата рака. 2. Удри, удира нешто со нога. Детето шутираше една конзерва. Таа ги шутира камчињата на патот. 3. (прен.) Грубо отстрани, отстранув, истера, истерува некого од негде. Него сите го шутираа и на крајот дојде до нејзината врата. ‖ глаг. им. шутирање ср.