швркне
Значење на швркне:
1. Удри со прачка, камшик и сл. Силно го швркнав коњот по грбот. Тој го швркнал момчето со камшикот по плеќите.
2. Испушти звук од остро движење и од удар. Камшикот швркна во воздухот. Тие швркаа со прачките во воздух.
3. (прен.) Прави некој да побудали. Го швркна детето со постојано викање.
Коњугација: (ќе) швркнеа , (ќе) швркнев , (ќе) швркнел, швркнаа , швркнав , швркнал , швркнат , швркнат , швркнете , швркни .
Изведени зборови:
- се ~ швркне, 1. Се удри себеси или еден со друг со прачка, јаже, камшик и сл. Тој се швркна со камшик по грбот. Тие се швркнаа со јажињата и никој не попушти. 2. (прен.) Се помести од умот, полуде. Се швркнав од многу работа.
- (се) швркнува, глаг. повт. (се) швркнуваат
- швркнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
швркне, швркнат; швркни, швркнете; швркнав, швркнаа; швркнал; швркнат; (ќе) швркнев, (ќе) швркнеа; (ќе) швркнел св. 1. Удри со прачка, камшик и сл. Силно го швркнав коњот по грбот. Тој го швркнал момчето со камшикот по плеќите. 2. Испушти звук од остро движење и од удар. Камшикот швркна во воздухот. Тие швркаа со прачките во воздух. 3. (прен.) Прави некој да побудали. Го швркна детето со постојано викање. ● се ~ 1. Се удри себеси или еден со друг со прачка, јаже, камшик и сл. Тој се швркна со камшик по грбот. Тие се швркнаа со јажињата и никој не попушти. 2. (прен.) Се помести од умот, полуде. Се швркнав од многу работа. ‖ (се) швркнува, (се) швркнуваат повт. ‖ глаг. им. швркнување ср.