си 2

Заменка

Значење на си:

1. а) Кратка форма од заменката себе си за индиректен објект. Си рекла жената, да видам што прават децата. б) Заедно со долгата форма. Едвај си дојдов на себеси.

2. Кратка неизменлива форма со посвојно значење со именки што означуваат родство; свој. На сестра си ѝ даде подарок. Тој дојде, си ги зеде работите и си замина.

3. Во служба на т.н. етички датив, за искажување блискост, чувственост. Си дојде од работа. Тој само си седи. Умен си е тој.

4. Со заемно-повратни глаголи. Си одиме едни кај други. Со другарка ми си помагаме во учењето. Детето слатко си спиеше под лозницата во дворот.

5. Со неопределени заменки во служба на партикула што изразува посилен степен на неопределеност или придава нијанса на потценување. Некој си човек дошол кај нас. Го удрило некое си дете.

Оригинални податоци:

си2 зам. 1. а) Кратка форма од заменката себе си за индиректен објект. Си рекла жената, да видам што прават децата. б) Заедно со долгата форма. Едвај си дојдов на себеси. 2. Кратка неизменлива форма со посвојно значење со именки што означуваат родство; свој. На сестра си ѝ даде подарок. Тој дојде, си ги зеде работите и си замина. 3. Во служба на т.н. етички датив, за искажување блискост, чувственост. Си дојде од работа. Тој само си седи. Умен си е тој. 4. Со заемно-повратни глаголи. Си одиме едни кај други. Со другарка ми си помагаме во учењето. Детето слатко си спиеше под лозницата во дворот. 5. Со неопределени заменки во служба на партикула што изразува посилен степен на неопределеност или придава нијанса на потценување. Некој си човек дошол кај нас. Го удрило некое си дете.