сигурен
Значење на сигурен:
1. Уверен, убеден, што не се сомнева во нешто. Сигурен сум дека и тој беше присутен на состанокот. Јас сум сигурен во нејзината верност. Сигурен сум дека што кажа гласникот е чиста вистина.
2. На кој може да се смета, во кого може да се има доверба. Ја предава архивата во сигурни раце. Сигурен човек за таа работа. Од сигурен извор разбравме за настаните. Сигурни вести.
3. Што е без опасност, што нуди сигурност, што е без ризик. Сигурно засолниште. Сигурно место.
4. Тврд, непоколеблив. Со сигурен чекор. Сигурни движења.
5. Несомнен, неизбежен. Оди во сигурна победа. Сигурна гаранција. Сигурни заклучоци. Сигурна добивка. Борците одат во сигурна смрт.
Членувана форма: сигурниот.
Оригинални податоци:
сигурен, сигурниот прид. 1. Уверен, убеден, што не се сомнева во нешто. Сигурен сум дека и тој беше присутен на состанокот. Јас сум сигурен во нејзината верност. Сигурен сум дека што кажа гласникот е чиста вистина. 2. На кој може да се смета, во кого може да се има доверба. Ја предава архивата во сигурни раце. Сигурен човек за таа работа. Од сигурен извор разбравме за настаните. Сигурни вести. 3. Што е без опасност, што нуди сигурност, што е без ризик. Сигурно засолниште. Сигурно место. 4. Тврд, непоколеблив. Со сигурен чекор. Сигурни движења. 5. Несомнен, неизбежен. Оди во сигурна победа. Сигурна гаранција. Сигурни заклучоци. Сигурна добивка. Борците одат во сигурна смрт.