сила

Именка, женски род

Значење на сила:

1. (физ.) Способност да се произведе работа, тоа што предизвикува промена на состојбата на една материја, тоа што ги движи телата од состојба на мирување во движење. Центрифугална сила. Сила на земјината тежа. Силата на отпорот. Магнетни сили. Сила на ветрот.

2. Способност на живите суштества да произведуваат физички движења со напрегање на мускулите; физичко воздејство, насилие. Немаше веќе сили. Губи сила. Ги напрега последните сили. Со сила го исфрлија надвор. Примена на сила. Не можеше да се пофали со некоја физичка сила. Со сета сила ја тресна вратата.

3. Способност на човека да ги пројави своите умствени или духовни својства. Умствени сили. Со сила на својата волја. Со силата на зборот.

4. Имотна, финансиска моќ. Куповна сила. Платежна сила. Економска сила.

5. Висок степен на пројавување на нешто, моќ, власт, авторитет. Силата на колективот. Силата на навикот. Со силата на аргументите.

6. Степен, интензитет на пројавување на нешто. Сила на талентот. Сила на впечатоците.

7. Извор на дејност, моќ, влијание. Љубовта е силата што нè води напред во животот. Нема сила што може да го спречи тоа.

8. (обично во мн.) Нешто што може да се јави како извор на некоја енергија. Природни сили. Човечки сили. Собра сили да стане од постела. Силите ме напуштаат.

9. (обично во мн.) Општествена група со некои карактеристични признаци или правец во својата дејност. Реакционерни сили. Силите на мирот.

10. (само мн., прен.) Војска, борбена моќ. Вооружените сили. Воздухопловни сили. Сувоземни сили.

11. (прен.) Човек што има успех во дадена област, луѓе што сочинуваат некој колектив. Млади научни сили. Нови надежни сили.

12. Како прид. Одличен, сјаен. Сила човек е тој. Како си? ‒ сила сум. Има едно сила девојче, ќерка на месар.

Множина: сили.

Фразеолошки израз / поговорка:

Законот стапи во сила ‒ законот е во употреба, т.е. се применува. Во сила е... ‒ важечки е, важи, во употреба е. Во полна сила ‒ со најмногу енергија. Со полна сила ‒ со сета расположива моќ. Работна сила ‒ 1. работна способност, збир на сите физички и умствени способности на човекот што ги става во движење за да произведе употребни добра. 2. Вкупниот број работници на пазарот во некое определено време. Социјална сила ‒ организирано или неорганизирано движење на една или повеќе општествени групи кои со своите одлуки или активности настојуваат да предизвикаат промени и да влијаат на општествените односи во некое општество. Коњска сила ‒ сп. коњски. Производни сили ‒ единство на субјективните и објективните фактори и услови на производството. Со сила убавина не бидува ‒ насила не може ништо добро да се направи. Во кого е власта, во него е силата ‒ кој е на власт, тој е моќен. Жива сила ‒ војска, луѓе наспрема техниката. Сила бога не моли ‒ тој што е моќен прави што сака. Одмерување на силите ‒ борба, натпревар. Со последни сили ‒ со краен напор. Седма сила ‒ новинарите и нивното дејствување. Нечиста сила ‒ зло, ѓавол. Кај што има сила, нема правдина ‒ силниот е секогаш во право. Големите сили ‒ назив за водечките земји во светот по однос на економијата, воената и политичката моќ. Натприродни сили ‒ сили што не може да се објаснат со природни закони. Мрачни сили ‒ дејствување на група луѓе со нечесни средства, тероризам, насилство и др.

Оригинални податоци:

сила, мн. сили ж. 1. (физ.) Способност да се произведе работа, тоа што предизвикува промена на состојбата на една материја, тоа што ги движи телата од состојба на мирување во движење. Центрифугална сила. Сила на земјината тежа. Силата на отпорот. Магнетни сили. Сила на ветрот. 2. Способност на жи‒вите суштества да произведуваат физички движења со напрегање на мускулите; физичко воздејство, насилие. Немаше веќе сили. Губи сила. Ги напрега последните сили. Со сила го исфрлија надвор. Примена на сила. Не можеше да се пофали со некоја физичка сила. Со сета сила ја тресна вратата. 3. Способност на човека да ги пројави своите умствени или духовни својства. Умствени сили. Со сила на својата волја. Со силата на зборот. 4. Имотна, финансиска моќ. Куповна сила. Платежна сила. Економска сила. 5. Висок степен на пројавување на нешто, моќ, власт, авторитет. Силата на колективот. Силата на навикот. Со силата на аргументите. 6. Степен, интензитет на пројавување на нешто. Сила на талентот. Сила на впечатоците. 7. Извор на дејност, моќ, влијание. Љубовта е силата што нè води напред во животот. Нема сила што може да го спречи тоа. 8. (обично во мн.) Нешто што може да се јави како извор на некоја енергија. Природни сили. Човечки сили. Собра сили да стане од постела. Силите ме напуштаат. 9. (обично во мн.) Општествена група со некои карактеристични признаци или правец во својата дејност. Реакционерни сили. Силите на мирот. 10. (само мн., прен.) Војска, борбена моќ. Вооружените сили. Воздухопловни сили. Сувоземни сили. 11. (прен.) Човек што има успех во дадена област, луѓе што сочинуваат некој колектив. Млади научни сили. Нови надежни сили. 12. Како прид. Одличен, сјаен. Сила човек е тој. Како си? ‒ сила сум. Има едно сила девојче, ќерка на месар. ◊ Законот стапи во сила ‒ законот е во употреба, т.е. се применува. Во сила е... ‒ важечки е, важи, во употреба е. Во полна сила ‒ со најмногу енергија. Со полна сила ‒ со сета расположива моќ. Работна сила ‒ 1. работна способност, збир на сите физички и умствени способности на човекот што ги става во движење за да произведе употребни добра. 2. Вкупниот број работници на пазарот во некое определено време. Социјална сила ‒ организирано или неорганизирано движење на една или повеќе општествени групи кои со своите одлуки или активности настојуваат да предизвикаат промени и да влијаат на општествените односи во некое општество. Коњска сила ‒ сп. коњски. Производни сили ‒ единство на субјективните и објективните фактори и услови на производството. Со сила убавина не бидува ‒ насила не може ништо добро да се направи. Во кого е власта, во него е силата ‒ кој е на власт, тој е моќен. Жива сила ‒ војска, луѓе наспрема техниката. Сила бога не моли ‒ тој што е моќен прави што сака. Одмерување на силите ‒ борба, натпревар. Со последни сили ‒ со краен напор. Седма сила ‒ новинарите и нивното дејствување. Нечиста сила ‒ зло, ѓавол. Кај што има сила, нема правдина ‒ силниот е секогаш во право. Големите сили ‒ назив за водечките земји во светот по однос на економијата, воената и политичката моќ. Натприродни сили ‒ сили што не може да се објаснат со природни закони. Мрачни сили ‒ дејствување на група луѓе со нечесни средства, тероризам, насилство и др.