силен
Значење на силен:
1. За човек, животно ‒ што се одликува со голема физичка сила, добро развиен, здрав, јак. Силен човек. Силни волови.
2. Што се одликува со голема духовна сила, тврд, непоколеблив. Силна волја. Силна природа.
3. Што има голема сила, што тешко се победува; значителен по власт, влијание, авторитет и сл. Силна армија. Силна флота. Силен народ. Богат и силен.
4. Што дава голема сила, енергија, што е значителен по своето дејство. Силен мотор. Силен лек. Силна струја. Силно средство. Силна ракија. Силен раствор. Силен отров. Силни зборови.
5. Што се пројавува со голема сила, интензивен; за чувства, впечатоци и сл. ‒ голем, длабок. Силен ветер. Силен дожд. Силни болки. Силна љубов. Силна желба.
6. Што ја знае добро, што ја исполнува добро својата работа. Силен ученик. Силен артист. Силен по математика.
Членувана форма: силниот.
Изведени зборови:
- силно, прил. Викаше силно. Силно возбуден. Срцето силно му чукаше. Се искашла силно. Силно ја тресна вратата.
Фразеолошки израз / поговорка:
Силна страна (на некого или нешто) ‒ тоа што го знае најдобро, што го може најдобро. Силна храна ‒ храна богата со хранливи материи, витамини и др.
Оригинални податоци:
силен, силниот прид. 1. За човек, животно ‒ што се одликува со голема физичка сила, добро развиен, здрав, јак. Силен човек. Силни волови. 2. Што се одликува со голема духовна сила, тврд, непоколеблив. Силна волја. Силна природа. 3. Што има голема сила, што тешко се победува; значителен по власт, влијание, авторитет и сл. Силна армија. Силна флота. Силен народ. Богат и силен. 4. Што дава голема сила, енергија, што е значителен по своето дејство. Силен мотор. Силен лек. Силна струја. Силно средство. Силна ракија. Силен раствор. Силен отров. Силни зборови. 5. Што се пројавува со голема сила, интензивен; за чувства, впечатоци и сл. ‒ голем, длабок. Силен ветер. Силен дожд. Силни болки. Силна љубов. Силна желба. 6. Што ја знае добро, што ја исполнува добро својата работа. Силен ученик. Силен артист. Силен по математика. ◊ Силна страна (на некого или нешто) ‒ тоа што го знае најдобро, што го може најдобро. Силна храна ‒ храна богата со хранливи материи, витамини и др. ‖ силно прил. Викаше силно. Силно возбуден. Срцето силно му чукаше. Се искашла силно. Силно ја тресна вратата.