сили

Глагол, несвршен

Значење на сили:

Тера со сила некого да направи нешто или да постапува на одреден начин. Другите деца го силеа момчето да се тепа. Родителите го силеа да се жени, но тој размислуваше. Силачот ги силеше коледарчињата да пеат коледарски песни и да благословуваат.

Конјугација: силат.

Изведени зборови:

  • се ~ сили, 1. Се напрегнува, вложува дополнителни напори за да изврши некоја работа. Таа се силеше побрзо да ја заврши работата. Тој се силеше да се избави од тешките мрачни чувства. Што се силиш? 2. (прен.) Се расфрла, се перчи со својата сила. Тој се силеше дека ќе ја запали куќата, ама таа знаеше дека тоа го вели бидејќи е пијан.
  • силење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

сили, силат несв. Тера со сила некого да направи нешто или да постапува на одреден начин. Другите деца го силеа момчето да се тепа. Родителите го силеа да се жени, но тој размислуваше. Силачот ги силеше коледарчињата да пеат коледарски песни и да благословуваат. ● се ~ 1. Се напрегнува, вложува дополнителни напори за да изврши некоја работа. Таа се силеше побрзо да ја заврши работата. Тој се силеше да се избави од тешките мрачни чувства. Што се силиш? 2. (прен.) Се расфрла, се перчи со својата сила. Тој се силеше дека ќе ја запали куќата, ама таа знаеше дека тоа го вели бидејќи е пијан. ‖ глаг. им. силење ср.