силикон

Именка, машки род

Значење на силикон:

1. (хем.) Органско хемиско соединение со голема примена во индустријата за изработка на синтетички ткаенини, накит, делови за пластичната хирургија и др.

2. (жарг.) Женски гради зголемени со додавање на посебни додатоци од силикон.

Множина: силикони.

Изведени зборови:

  • силиконски, прид. силиконскиот Силиконски гради. Силиконски чип. Силиконски кит. ◊ Силиконска долина ‒ назив за индустриско подрачје во Калифорнија, САД, каде што е развиена индустријата за електронски уреди, компјутери и сл.

Оригинални податоци:

силикон, мн. силикони м. 1. (хем.) Органско хемиско соединение со голема примена во индустријата за изработка на синтетички ткаенини, накит, делови за пластичната хирургија и др. 2. (жарг.) Женски гради зголемени со додавање на посебни додатоци од силикон. ‖ силиконски, силиконскиот прид. Силиконски гради. Силиконски чип. Силиконски кит. ◊ Силиконска долина ‒ назив за индустриско подрачје во Калифорнија, САД, каде што е развиена индустријата за електронски уреди, компјутери и сл.