симбол

Именка, машки род

Значење на симбол:

1. Сетилно восприемлив објект, писмен или звучен знак со кој конвенционално се означува некој поим, предмет или појава. Гулабот е симбол на мирот. Црвената боја е симбол на револуционерната борба. Соколот е симбол на смелоста, брзината, слободниот лет, а гавранот на злото. Јагнето е симбол на чистотата, на невиноста.

2. Општо прифатени знаци за некакви величини, поими во некои науки. Хемиски симболи.

Множина: симболи.

Оригинални податоци:

симбол, мн. симболи м. 1. Сетилно восприемлив објект, писмен или звучен знак со кој конвенционално се означува некој поим, предмет или појава. Гулабот е симбол на мирот. Црвената боја е симбол на револуционерната борба. Соколот е симбол на смелоста, брзината, слободниот лет, а гавранот на злото. Јагнето е симбол на чистотата, на невиноста. 2. Општо прифатени знаци за некакви величини, поими во некои науки. Хемиски симболи.