симболизира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на симболизира:

1. Прикаже, прикажува со симбол идеја, предмет, настан. Сечењето на борот симболизира скромно дарување на Божицата. Овенот кај голем број народи го симболизира светиот пламен и машката психофизичка моќ.

2. Се јави како симбол на нешто. Гулабот симболизира мир.

Конјугација: симболизираат , симболизирајќи.

Изведени зборови:

  • симболизирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

симболизира, симболизираат; симболизирајќи св. и несв. 1. Прикаже, прикажува со симбол идеја, предмет, настан. Сечењето на борот симболизира скромно дарување на Божицата. Овенот кај голем број народи го симболизира светиот пламен и машката психофизичка моќ. 2. Се јави како симбол на нешто. Гулабот симболизира мир. ‖ глаг. им. симболизирање ср.