симфонија
Значење на симфонија:
1. (муз.) Големо музичко дело за оркестар што се состои од повеќе делови. Петтата симфонија од Бетовен.
2. (прен.) Хармонично слевање на множество тонови, звуци, бои и сл.; раскош, разиграна убавина. Симфонија во жолто. Симфонија од ветрови.
Множина: симфонии.
Изведени зборови:
- симфониски, прид. симфонискиот Симфониски оркестар.
Оригинални податоци:
симфонија, мн. симфонии ж. 1. (муз.) Големо музичко дело за оркестар што се состои од повеќе делови. Петтата симфонија од Бетовен. 2. (прен.) Хармонично слевање на множество тонови, звуци, бои и сл.; раскош, разиграна убавина. Симфонија во жолто. Симфонија од ветрови. ‖ симфониски, симфонискиот прид. Симфониски оркестар.