симне
Значење на симне:
1. а) Премести некого или нешто од повисоко на пониско. Тој ги симна книгите од полицата. Старецот ја симна торбата од рамо. Војниците ги симнаа селаните долу во подрумот. б) За поглед, очи, глас и сл. ‒ спушти подолу од претходно. Тој очите не ги симнуваше од неа, толку му се виде убава.
2. Сметне некого или нешто од превозно средство или од добиток кој служи за превезување. Арамиите го симнале детето од коњот и го испратиле да си оди пеш. Свекорот ја симна невестата од коњот. Таксистот го симна куферот од колата.
3. Откачи нешто закачено; отстрани нешто што покрива некоја површина. Тој го симна палтото од закачалката и излета надвор пред да го облече. Пред да почнат со белењето на станот, ги симнаа уметничките слики од ѕидовите.
4. Соблече; ослободи од облека, накит и сл. Докторот ја симна шапката и ја стави врз својот багаж. Тој го симна капутот и седна. Таа ги симна килибарно‒жолтите ракавици и ги промрда прстите за да ги загрее.
5. (прен., разг.) Отстрани од должност; одземе власт; собори. Народот го симна диктаторот од тронот. Тие му го симнале чинот, зашто постапил спротивно на воените правила. Новата партија ја симнала дотогашната партија на власт.
Коњугација: (ќе) симнеа , (ќе) симнев , (ќе) симнел, симнаа , симнав , симнал , симнат , симнат , симнете , симни .
Изведени зборови:
- се ~ симне, 1. Слезе долу од нешто повисоко. И по многу молби детето не се симнуваше од дрвото. Домаќините се симнале долу да спијат, а спалната им ја отстапиле на гостите. Едниот стражар се симна по темните скали во складот. 2. Слезе од превозно средство или од добиток што служи за превезување. Многу патници се симнаа од возот што пристигна и одеднаш железничката станица живна. Висок и слаб младич се симна од автобусот. Невестата се симна од коњот.
- (се) симнува, глаг. несв. (се) симнуваат сп. симина (се).
- симнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Симне маска некому ‒ разоткрие нечии намери. Му се симна камен од вратот ‒ му олесна од некој проблем, од некоја тежина. Му се симне товар од грбот ‒ му олесна од некој проблем. Некому му се симна некој (нешто) од вратот ‒ му олесна од некој проблем. Го симна јаремот ‒ се ослободи од ропство, од зависност. Симне капа ‒ одобри, признае нешто некому, почитува некого. Му ја симна кожата од грбот ‒ го ограби, му зеде сè. Му се симна превез од очите ‒ му станаа јасни работите. Од ортома симнат ‒ многу лош човек.
Оригинални податоци:
симне, симнат; симни, симнете; симнав, симнаа; симнал; симнат; (ќе) симнев, (ќе) симнеа; (ќе) симнел св. 1. а) Премести некого или нешто од повисоко на пониско. Тој ги симна книгите од полицата. Старецот ја симна торбата од рамо. Војниците ги симнаа селаните долу во подрумот. б) За поглед, очи, глас и сл. ‒ спушти подолу од претходно. Тој очите не ги симнуваше од неа, толку му се виде убава. 2. Сметне некого или нешто од превозно средство или од добиток кој служи за превезување. Арамиите го симнале детето од коњот и го испратиле да си оди пеш. Свекорот ја симна невестата од коњот. Таксистот го симна куферот од колата. 3. Откачи нешто закачено; отстрани нешто што покрива некоја површина. Тој го симна палтото од закачалката и излета надвор пред да го облече. Пред да почнат со белењето на станот, ги симнаа уметничките слики од ѕидовите. 4. Соблече; ослободи од облека, накит и сл. Докторот ја симна шапката и ја стави врз својот багаж. Тој го симна капутот и седна. Таа ги симна килибарно‒жолтите ракавици и ги промрда прстите за да ги загрее. 5. (прен., разг.) Отстрани од должност; одземе власт; собори. Народот го симна диктаторот од тронот. Тие му го симнале чинот, зашто постапил спротивно на воените правила. Новата партија ја симнала дотогашната партија на власт. ● се ~ 1. Слезе долу од нешто повисоко. И по многу молби детето не се симнуваше од дрвото. Домаќините се симнале долу да спијат, а спалната им ја отстапиле на гостите. Едниот стражар се симна по темните скали во складот. 2. Слезе од превозно средство или од добиток што служи за превезување. Многу патници се симнаа од возот што пристигна и одеднаш железничката станица живна. Висок и слаб младич се симна од автобусот. Невестата се симна од коњот. ◊ Симне маска некому ‒ разоткрие нечии намери. Му се симна камен од вратот ‒ му олесна од некој проблем, од некоја тежина. Му се симне товар од грбот ‒ му олесна од некој проблем. Некому му се симна некој (нешто) од вратот ‒ му олесна од некој проблем. Го симна јаремот ‒ се ослободи од ропство, од зависност. Симне капа ‒ одобри, признае нешто некому, почитува некого. Му ја симна кожата од грбот ‒ го ограби, му зеде сè. Му се симна превез од очите ‒ му станаа јасни работите. Од ортома симнат ‒ многу лош човек. ‖ (се) симнува, (се) симнуваат несв. сп. симина (се). ‖ глаг. им. симнување ср.