симпатија

Именка, женски род

Значење на симпатија:

1. Склоност кон некого или кон нешто. Отсекогаш чувствуваше симпатија кон своите соседи. Критиката со симпатија го прифати неговиот нов роман. Тој стекнал симпатии кај народот. Покажуваше отворена симпатија кон него.

2. Лице, машко или женско, кон кое се има, се чувствува наклоност. Ја видов мојата бивша симпатија. Нејзината симпатија Марко, не дојде на роденденот.

Множина: симпатии.

Оригинални податоци:

симпатија, мн. симпатии ж. 1. Склоност кон некого или кон нешто. Отсекогаш чувствуваше симпатија кон своите соседи. Критиката со симпатија го прифати неговиот нов роман. Тој стекнал симпатии кај народот. Покажуваше отворена симпатија кон него. 2. Лице, машко или женско, кон кое се има, се чувствува наклоност. Ја видов мојата бивша симпатија. Нејзината симпатија Марко, не дојде на роденденот.