симптом
Значење на симптом:
1. (мед., биол.) Карактеристична пројава или надворешен признак на некоја болест. Симптоми на грип. Најкарактеристични симптоми на недостаток на калиум во исхраната на растението се сретнуваат на листот, коренот, цветот и плодовите.
2. Знак, надворешен признак на некоја појава. Првите симптоми на екомонската криза се појавија пред три месеци.
Множина: симптоми.
Оригинални податоци:
симптом, мн. симптоми м. 1. (мед., биол.) Карактеристична пројава или надворешен признак на некоја болест. Симптоми на грип. Најкарактеристични симптоми на недостаток на калиум во исхраната на растението се сретнуваат на листот, коренот, цветот и плодовите. 2. Знак, надворешен признак на некоја појава. Првите симптоми на екомонската криза се појавија пред три месеци.