син

Именка, машки род

Значење на син:

1. Машко дете во однос на своите родители. Имаше два сина. Вонбрачен син. Еден од синовите отиде на туѓина. Постар син. Единец син.

2. (разг.) Фамилијарно обраќање на постар човек кон дете или кон млад човек.

3. Лице од машки пол што припаѓа кон определен општествен слој. Богаташки син.

4. (прен.) Човек како граѓанин на општеството, како жител на некоја област или претставник на некоја нација; човек крвно свразан со некого или со нешто. Син на планината. Син на југот. Синови на Македонија. Син на партијата. Синови на новото време.

Множина: сина, синови.

Изведени зборови:

  • синче, и. ср. синченце (само едн.) дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Син божји ‒ Исус Христос. Зет како мед, син како (клин, сол) пелин ‒ мил ни е зетот, ама без синот не можеме (како што не можеме без сол). Каков татко таков син ‒ нормално е синот да личи на својот татко и физички и по карактер. Татин (мамин) син ‒ разгалено дете. Страдна мајка за слепаго сина ‒ кога нема поарно, го прифаќаме и полошото или тоа што ни се нуди. Блуден син ‒ распуштен син, расипник. Кучкин син ‒ лош, проклет, поган човек; сп. кучкин 2. Сине мајчин! ‒ за потсилување на својот став при искажување на укор, закана, неодобрување на нешто.

Оригинални податоци:

син, мн. синови, избр. мн. сина м. 1. Машко дете во однос на своите родители. Имаше два сина. Вонбрачен син. Еден од синовите отиде на туѓина. Постар син. Единец син. 2. (разг.) Фамилијарно обраќање на постар човек кон дете или кон млад човек. 3. Лице од машки пол што припаѓа кон определен општествен слој. Богаташки син. 4. (прен.) Човек како граѓанин на општеството, како жител на некоја област или претставник на некоја нација; човек крвно свразан со некого или со нешто. Син на планината. Син на југот. Синови на Македонија. Син на партијата. Синови на новото време. ◊ Син божји ‒ Исус Христос. Зет како мед, син како (клин, сол) пелин ‒ мил ни е зетот, ама без синот не можеме (како што не можеме без сол). Каков татко таков син ‒ нормално е синот да личи на својот татко и физички и по карактер. Татин (мамин) син ‒ разгалено дете. Страдна мајка за слепаго сина ‒ кога нема поарно, го прифаќаме и полошото или тоа што ни се нуди. Блуден син ‒ распуштен син, расипник. Кучкин син ‒ лош, проклет, поган човек; сп. кучкин 2. Сине мајчин! ‒ за потсилување на својот став при искажување на укор, закана, неодобрување на нешто. ‖ синче, мн. синчиња, синченце (само едн.) ср. дем. и хип.