синџир

Именка, машки род

Значење на синџир:

1. Низа од метални алки наврени една во друга со различна намена; верига. Котлето беше обесено над огнот со синџир. Одеше со синџирот од џебниот саат на мевот. Синџирите за гумите на возилото се задолжителни во зимскиот период. Синџирот на велосипедот се скинал.

2. (прен.) Нешто што наликува, што потсетува на синџир. Синџир од товарни вагони. Околу градот имаше цел синџир војска. Почна со една, а сега има цел синџир од продавници.

3. Окови, пранги. Затворениците ги водеа врзани со синџири и букагии на нозете.

4. (прен.) Ограничена слобода, нешто што ограничува; ропство. Ќе излеземе ли од овие синџири. Синџирите на бракот се тешки за жената во такви услови.

5. Вид украс од скапоцен материјал. Носеше дебел златен синџир.

Множина: синџири.

Изведени зборови:

  • синџириште, и. ср. аугм.
  • синџирче, и. ср. 1. дем. 2. Фино изработен украсен синџир најчесто од скапоцен метал. Златно синџирче. Часовник со синџирче.

Фразеолошки израз / поговорка:

Како куче одврзано од синџир ‒ разузданост. Куче да врзеш, ќе го скине синџирот ‒ многу студено време. Не го задржуваш ни со синџири ‒ ништо не може да го задржи таму каде што не сака да биде. Држи синџир (за ракија) ‒ јака, лута ракија; синџирлија.

Оригинални податоци:

синџир, мн. синџири м. 1. Низа од метални алки наврени една во друга со различна намена; верига. Котлето беше обесено над огнот со синџир. Одеше со синџирот од џебниот саат на мевот. Синџирите за гумите на возилото се задолжителни во зимскиот период. Синџирот на велосипедот се скинал. 2. (прен.) Нешто што наликува, што потсетува на синџир. Синџир од товарни вагони. Околу градот имаше цел синџир војска. Почна со една, а сега има цел синџир од продавници. 3. Окови, пранги. Затворениците ги водеа врзани со синџири и букагии на нозете. 4. (прен.) Ограничена слобода, нешто што ограничува; ропство. Ќе излеземе ли од овие синџири. Синџирите на бракот се тешки за жената во такви услови. 5. Вид украс од скапоцен материјал. Носеше дебел златен синџир. ◊ Како куче одврзано од синџир ‒ разузданост. Куче да врзеш, ќе го скине синџирот ‒ многу студено време. Не го задржуваш ни со синџири ‒ ништо не може да го задржи таму каде што не сака да биде. Држи синџир (за ракија) ‒ јака, лута ракија; синџирлија. ‖ синџирче, мн. синџирчиња ср. 1. дем. 2. Фино изработен украсен синџир најчесто од скапоцен метал. Златно синџирче. Часовник со синџирче. ‖ синџириште, мн. синџиришта ср. аугм.