синија

Именка, женски род

Значење на синија:

1. Ниска тркалезна маса за јадење; софра, трпеза. Старата ја поставува големата синија да вечераат.

2. Широка тепсија. Синии баклави и кадаифи.

Множина: синии.

Изведени зборови:

  • синивче, и. ж. мн. синивчиња, синиче, мн. синичиња, синииче, мн. синиичиња ср.; синијка, мн. синијки дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Од синијата не го дели ‒ го смета за свој, па и храната ја дели со него.

Оригинални податоци:

синија, мн. синии ж. 1. Ниска тркалезна маса за јадење; софра, трпеза. Старата ја поставува големата синија да вечераат. 2. Широка тепсија. Синии баклави и кадаифи. ◊ Од синијата не го дели ‒ го смета за свој, па и храната ја дели со него. ‖ синивче, мн. синивчиња, синиче, мн. синичиња, синииче, мн. синиичиња ср.; синијка, мн. синијки ж. дем.