синор

Именка, машки род

Значење на синор:

1. Меѓа меѓу две ниви, ливади и сл. Горницата изникнала на синорот меѓу двете ниви.

2. Граница меѓу две села. Во синорот на селото. Кукурекот во обредни цели се собира во туѓ синор пред изгрејсонце.

Множина: синори.

Фразеолошки израз / поговорка:

Волкот на синорот не дави. (посл.) ‒ тој што сака да сокрие некои свои постапки не треба да ги прави таму каде што работи, каде што живее, каде што се движи.

Оригинални податоци:

синор, мн. синори м. 1. Меѓа меѓу две ниви, ливади и сл. Горницата изникнала на синорот меѓу двете ниви. 2. Граница меѓу две села. Во синорот на селото. Кукурекот во обредни цели се собира во туѓ синор пред изгрејсонце. ◊ Волкот на синорот не дави. (посл.) ‒ тој што сака да сокрие некои свои постапки не треба да ги прави таму каде што работи, каде што живее, каде што се движи.