сипе 1
Значење на сипе:
1. Налее, тури течност во нешто или врз нешто. Тој си сипа една чаша вода и ја испи одеднаш. Домаќинката им сипа врела чорба секому по една црпалка. Немој да му сипаш многу вода на цвеќето.
2. Тури нешто ситно, прашесто (шеќер, жито, брашно и сл.) во нешто или врз нешто. Сами нека си сипат шеќер во кафето. По патиштата сипале сол да не замрзне.
Конјугација: сипаа , сипав , сипал , сипан, сипат , сипете , сипи .
Изведени зборови:
- се ~ сипе, 1. Се растури, се разбега. Стадото се сипало по планината, не можеле да го соберат два дена. По еден час масата народ се сипа, останаа само неколкумина. 2. Се покрие со сипка, добие сипаници. Тој се сипа од нешто по целата снага. Децата се сипале сите, едно од друго префатиле. Добитокот тогаш се сипа целиот, некоја болест го беше фатила. 3. (прен.) Се нафрли на некого. Тој му се сипа на селанецот со погрдни зборови. Вистинските виновници ќе му се сипат нему мислејќи дека со тоа ќе ги отфрлат сомневањата. Кучето им се сипа на гостите уште пред да влезат во дворот.
- (се) сипува, глаг. несв. (се) сипуваат (дијал.) в. сипе2.
- сипување, глаг. им. ср. сипување (дијал.) в. сипење.
Оригинални податоци:
сипе1, сипат; сипи, сипете; сипав, сипаа; сипал; сипан св. Налее, тури течност во нешто или врз нешто. Тој си сипа една чаша вода и ја испи одеднаш. Домаќинката им сипа врела чорба секому по една црпалка. Немој да му сипаш многу вода на цвеќето. 2. Тури нешто ситно, прашесто (шеќер, жито, брашно и сл.) во нешто или врз нешто. Сами нека си сипат шеќер во кафето. По патиштата сипале сол да не замрзне. ● се ~ 1. Се растури, се разбега. Стадото се сипало по планината, не можеле да го соберат два дена. По еден час масата народ се сипа, останаа само неколкумина. 2. Се покрие со сипка, добие сипаници. Тој се сипа од нешто по целата снага. Децата се сипале сите, едно од друго префатиле. Добитокот тогаш се сипа целиот, некоја болест го беше фатила. 3. (прен.) Се нафрли на некого. Тој му се сипа на селанецот со погрдни зборови. Вистинските виновници ќе му се сипат нему мислејќи дека со тоа ќе ги отфрлат сомневањата. Кучето им се сипа на гостите уште пред да влезат во дворот. ‖ (се) сипува, (се) сипуваат несв. (дијал.) в. сипе2. ‖ глаг. им. сипување ср. (дијал.) в. сипење.