сипе 2
Значење на сипе:
1. Налева, тура течност во нешто или врз нешто. Домаќините сипеа вино во чашите. Тој си сипеше чаша вода.
2. Тура нешто ситно, прашесто (шеќер, жито, брашно и сл.) во нешто или врз нешто; сп сипеТие брашното го сипеа во специјални садови кои не дозволуваа да се навлажни. Жената сипеше жито од амбарот во еден голем шиник.
3. За снег, дожд ‒ паѓа. Снегот таа година сипеше по цели недели. Дожд непрекинато сипе, не се излегува надвор.
4. (прен.) Испраќа, истура нешто во големо количество. Тој сипеше навреди без да размислува за последиците. Огнот сипеше искри на сите страни. Таа ноќ сипеа куршуми од секаде.
Конјугација: сипав , сипат , сипеа , сипејќи, сипел , сипен , сипете , сипи .
Изведени зборови:
- се ~ сипе, 1. Се истура материја во ситни честички. Шеќерот се сипе од вреќата, изгледа дека е дупната. 2. Лета на сите страни. Куршуми се сипеа и свиреа над нашите глави. Раситнета сончевина се сипеше под крушата. 3. Се рони. Земјата се сипе, немаше многу дожд оваа година. Слатките се сипеа повеќе одошто требаше, не ги погодив.
- сипење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
сипе2, сипат; сипи, сипете; сипав, сипеа; сипел; сипен; сипејќи несв. 1. Налева, тура течност во нешто или врз нешто. Домаќините сипеа вино во чашите. Тој си сипеше чаша вода. 2. Тура нешто ситно, прашесто (шеќер, жито, брашно и сл.) во нешто или врз нешто; сп сипе1. Тие брашното го сипеа во специјални садови кои не дозволуваа да се навлажни. Жената сипеше жито од амбарот во еден голем шиник. 3. За снег, дожд ‒ паѓа. Снегот таа година сипеше по цели недели. Дожд непрекинато сипе, не се излегува надвор. 4. (прен.) Испраќа, истура нешто во големо количество. Тој сипеше навреди без да размислува за последиците. Огнот сипеше искри на сите страни. Таа ноќ сипеа куршуми од секаде. ● се ~ 1. Се истура материја во ситни честички. Шеќерот се сипе од вреќата, изгледа дека е дупната. 2. Лета на сите страни. Куршуми се сипеа и свиреа над нашите глави. Раситнета сончевина се сипеше под крушата. 3. Се рони. Земјата се сипе, немаше многу дожд оваа година. Слатките се сипеа повеќе одошто требаше, не ги погодив. ‖ глаг им. сипење ср.