сирак 1
Значење на сирак:
Дете без еден или без двата родители. Остана сирак и од татко и од мајка.Множина: сираци.
Изведени зборови:
- сираче, и. ср. мн. сирачиња дем.; сираченце, мн. сираченца хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Без татко половина сирак, без мајка цел ‒ потешко е без мајка, отколку без татко.
Оригинални податоци:
сирак1, мн. сираци м. Дете без еден или без двата родители. Остана сирак и од татко и од мајка. ◊ Без татко половина сирак, без мајка цел ‒ потешко е без мајка, отколку без татко. ‖ сираче, мн. сирачиња ср. дем.; сираченце, мн. сираченца ср. хип.