сирење 1

Именка, среден род

Значење на сирење:

Вид млечен производ добиен со потсирување и ферментирање на млеко. Младо сирење. Леб и сирење. Овчо сирење. Биено сирење.

Множина: сирења.

Изведени зборови:

  • сиренце, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Брат за брат, сирење за пари ‒ независно од роднинските врски, сметките секој треба да си ги плаќа.

Оригинални податоци:

сирење1, мн. сирења ср. Вид млечен производ добиен со потсирување и ферментирање на млеко. Младо сирење. Леб и сирење. Овчо сирење. Биено сирење. ◊ Брат за брат, сирење за пари ‒ независно од роднинските врски, сметките секој треба да си ги плаќа. ‖ сиренце, мн. сиренца ср. дем. и хип.