сиромашен

Придавка

Значење на сиромашен:

1. Што има скудни средства за живот, сиромав; богат. Човекот бил многу сиромашен, немал пари за леб. Сиромашни селани. Сиромашен студент. Сиромашно дете.

2. Што е скуден по содржина, беден, празен. Сиромашна фантазија. Сиромашна понуда на свеж зеленчук. Сиромашна селска храна. Тој имаше сиромашен речник. Сиромашна вегетација.

Членувана форма: сиромашниот.

Изведени зборови:

  • сиромашно, прил. Живееја скромно и сиромашно.
  • сиромашност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Оди во сиромашна куќа да се најадеш, во богата да се нагледаш (посл.) ‒ сиромашниот ќе те почести со нешто, богатиот ќе ти се пофали.

Оригинални податоци:

сиромашен, сиромашниот прид. 1. Што има скудни средства за живот, сиромав; спрот. богат. Човекот бил многу сиромашен, немал пари за леб. Сиромашни селани. Сиромашен студент. Сиромашно дете. 2. Што е скуден по содржина, беден, празен. Сиромашна фантазија. Сиромашна понуда на свеж зеленчук. Сиромашна селска храна. Тој имаше сиромашен речник. Сиромашна вегетација. ◊ Оди во сиромашна куќа да се најадеш, во богата да се нагледаш (посл.) ‒ сиромашниот ќе те почести со нешто, богатиот ќе ти се пофали. ‖ сиромашно прил. Живееја скромно и сиромашно.‖ сиромашност ж.