сиромашки
Значење на сиромашки:
1. Што се однесува на сиромав, што му припаѓа на сиромав. Сиромашка куќа.
2. Што е својствен на сиромав. Сиромашка вечера. Сиромашки облечен патник.
3. Што побудува сожалување, сочувство; кутар. Сиромашкото дете се уплашило.
Членувана форма: сиромашкиот.
Изведени зборови:
- сиромашки, прил. Ручаа сиромашки. Живееле сиромашки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Сиромашко лето ‒ топлите денови по Митровден.
Оригинални податоци:
сиромашки, сиромашкиот прид. 1. Што се однесува на сиромав, што му припаѓа на сиромав. Сиромашка куќа. 2. Што е својствен на сиромав. Сиромашка вечера. Сиромашки облечен патник. 3. Што побудува сожалување, сочувство; кутар. Сиромашкото дете се уплашило. ◊ Сиромашко лето ‒ топлите денови по Митровден. ‖ сиромашки прил. Ручаа сиромашки. Живееле сиромашки.