сиромаштија

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на сиромаштија:

1. Состојба на скудност, немање доволно средства за живот. Живееше во крајна сиромаштија. Војната носи сиромаштија. Настанаа времиња на глад и сиромаштија.

2. (Нај)сиромашниот дел од населението. Градска сиромаштија.

3. (прен.) Состојба на скудност во духовна смисла. Духовна сиромаштија.

Фразеолошки израз / поговорка:

Сиромаштијата, љубовта и кашлицата не се кријат ‒ видливи се, се познаваат секогаш. Збогум сиромаштијо, повели питачлак ‒ в. питачлак.

Оригинални податоци:

сиромаштија (само едн.) ж. 1. Состојба на скудност, немање доволно средства за живот. Живееше во крајна сиромаштија. Војната носи сиромаштија. Настанаа времиња на глад и сиромаштија. 2. (Нај)сиромашниот дел од населението. Градска сиромаштија. 3. (прен.) Состојба на скудност во духовна смисла. Духовна сиромаштија. ◊ Сиромаштијата, љубовта и кашлицата не се кријат ‒ видливи се, се познаваат секогаш. Збогум сиромаштијо, повели питачлак ‒ в. питачлак.