сиромав
Значење на сиромав:
1. Човек што нема доволно средства за живот, беден, скуден, сиромашен. Сиромаси луѓе сме ние, немаме пари да платиме.
2. Човек што побудува сожалување, сочувство, несреќен. Паднал сиромавиот на скалите, го удрил коленото.
Множина: сиромаси.
Изведени зборови:
- сиромавче, и. ср. хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
На сиромасите голотијата ‒ на богатите слепотијата (посл.) ‒ неукиот богаташ не е во подобра морална положба од сиромавиот во економска. Се фатил сиромавиот на оро, се скинал тапанот ‒ кога сиромав ќе почне некоја добра работа, излегуваат многу проблеми и работата се расипува. Слеп сиромав ‒ многу, многу сиромашен што нема баш ништо. Сиромавиот двапати плаќа ‒ бидејќи нема пари да купи квалитетно и скапо, купува евтино што не трае долго, па пак треба да купи.
Оригинални податоци:
сиромав, мн. сиромаси м. 1. Човек што нема доволно средства за живот, беден, скуден, сиромашен. Сиромаси луѓе сме ние, немаме пари да платиме. 2. Човек што побудува сожалување, сочувство, несреќен. Паднал сиромавиот на скалите, го удрил коленото. ◊ На сиромасите голотијата ‒ на богатите слепотијата (посл.) ‒ неукиот богаташ не е во подобра морална положба од сиромавиот во економска. Се фатил сиромавиот на оро, се скинал тапанот ‒ кога сиромав ќе почне некоја добра работа, излегуваат многу проблеми и работата се расипува. Слеп сиромав ‒ многу, многу сиромашен што нема баш ништо. Сиромавиот двапати плаќа ‒ бидејќи нема пари да купи квалитетно и скапо, купува евтино што не трае долго, па пак треба да купи. ‖ сиромавче, мн. сиромавчиња ср. хип.