систем
Значење на систем:
1. Установен ред заснован на делови што прават некоја целина, заснован врз нивните заемни врски и односи. Книгите на полицата беа наредени без ред и систем.
2. Севкупност, збир од методи на кои се заснова некое учење, поглед на свет, принципи што служат како основа за некое учење, пристап кон некоја работа и сл. Нема систем во работата. Систем на воспитание. Дидактички систем. Религиозно-филозофски системи.
3. Поврзани делови што прават единствена функционална целина, техничко устројство што претставува збир на заемно сврзани машини, механизми што служат за иста цел. Енергетски систем. Систем од канали и насипи. Сончев систем. Компјутерски информациски систем.
4. Принцип на организација, уредување на нешто; форма на општествено уредување. Капиталистички систем. Демократски систем. Парламентарен систем.
5. Начин на организирање, методи и правила за дејствување во некоја дејност. Образовен систем. Систем на одбрана и заштита. Изборен систем.
6. Целина од закономерно поставени и заемно поврзани единки, објекти итн. Планетарен систем. Сончев систем. Периодичен систем на хемиските елементи.
7. План, ред, среденост, смисленост (за работа, постапки итн.) Систем на работа. Систем на вежби. Систем на мерки за заштита од епидемија.
8. Принцип на класификација на именувањата во зоологијата и во ботаниката. Бинарен систем на именување на растенијата на Лине.
9. Структура, устројство, единство на закономерно поставени заемно поврзани делови кај живите организми. Нервен систем. Коренов систем.
Множина: системи.
Оригинални податоци:
систем, мн. системи м. 1. Установен ред заснован на делови што прават некоја целина, заснован врз нивните заемни врски и односи. Книгите на полицата беа наредени без ред и систем. 2. Севкупност, збир од методи на кои се заснова некое учење, поглед на свет, принципи што служат како основа за некое учење, пристап кон некоја работа и сл. Нема систем во работата. Систем на воспитание. Дидактички систем. Религиозно-филозофски системи. 3. Поврзани делови што прават единствена функционална целина, техничко устројство што претставува збир на заемно сврзани машини, механизми што служат за иста цел. Енергетски систем. Систем од канали и насипи. Сончев систем. Компјутерски информациски систем. 4. Принцип на организација, уредување на нешто; форма на општествено уредување. Капиталистички систем. Демократски систем. Парламентарен систем. 5. Начин на организирање, методи и правила за дејствување во некоја дејност. Образовен систем. Систем на одбрана и заштита. Изборен систем. 6. Целина од закономерно поставени и заемно поврзани единки, објекти итн. Планетарен систем. Сончев систем. Периодичен систем на хемиските елементи. 7. План, ред, среденост, смисленост (за работа, постапки итн.) Систем на работа. Систем на вежби. Систем на мерки за заштита од епидемија. 8. Принцип на класификација на именувањата во зоологијата и во ботаниката. Бинарен систем на именување на растенијата на Лине. 9. Структура, устројство, единство на закономерно поставени заемно поврзани делови кај живите организми. Нервен систем. Коренов систем.