сит

Придавка

Значење на сит:

1. Што не е гладен, што се заситил со храна, што не чувствува глад; гладен. Децата беа сити. Сит сум до гуша.

2. Што го има во доволни количини, во изобилство, што живее во изобилство, богат. Сит народ. Сити се со сè, сè имаат. Сита година. Сит ручек.

3. (прен.) Што се заситил од нешто и веќе не го сака. Сита сум од овој живот. Тој е сит од жртви и луди мечти.

4. Како им. Тој што ја заситил гладта. Сит мисли на утре, а гладен на денес.

Членувана форма: ситиот.

Изведени зборови:

  • сито, прил. Дечињата најадени, сито се смешкаа.
  • ситост, и. ж. Состојба кога не се чувствува глад или друга потреба за нешто.

Фразеолошки израз / поговорка:

И волкот сит и овците на број ‒ се вели кога некој сака истовремено да задоволи две противставени страни. Сит гладен не верува ‒ богатиот не може да го разбере, да го сфати сиромавиот. Сит човек ‒ готова кавга ‒ ситиот не мисли на работа, туку на кавга. Сита мечка тапан не познава ‒ ситиот не сака да работи.

Оригинални податоци:

сит, ситиот прид. 1. Што не е гладен, што се заситил со храна, што не чувствува глад; спрот. гладен. Децата беа сити. Сит сум до гуша. 2. Што го има во доволни количини, во изобилство, што живее во изобилство, богат. Сит народ. Сити се со сè, сè имаат. Сита година. Сит ручек. 3. (прен.) Што се заситил од нешто и веќе не го сака. Сита сум од овој живот. Тој е сит од жртви и луди мечти. 4. Како им. Тој што ја заситил гладта. Сит мисли на утре, а гладен на денес.◊ И волкот сит и овците на број ‒ се вели кога некој сака истовремено да задоволи две противставени страни. Сит гладен не верува ‒ богатиот не може да го разбере, да го сфати сиромавиот. Сит човек ‒ готова кавга ‒ ситиот не мисли на работа, туку на кавга. Сита мечка тапан не познава ‒ ситиот не сака да работи. ‖ сито прил. Дечињата најадени, сито се смешкаа. ‖ ситост ж. Состојба кога не се чувствува глад или друга потреба за нешто.