ситен
Значење на ситен:
1. Што се состои од мали еднородни делови; крупен, јадар. Ситен дожд. Ситна сол. Ситен добиток. Ситен песок.
2. За чекор, од, оро ‒ што се состои од чекори што следат брзо едно по друго. Ситен од. Ситно оро.
3. а) Што нема голем обем, што нема големи размери. Ситно грозје. Ситни ореви. Ситни шарки. Ситен вез. Ситни колачи. б) Што е под просекот, помал од вообичаеното или од тоа што се очекува. Имаше ситно тело. Ситни плодови (пиперки, домати и др.).
4. Што има мала економска сила; крупен. Ситни трговци. Ситна буржоазија.
5. Што нема висока положба во општеството или службена положба. Ситни чиновници. Ситни функционери.
6. Што нема поголемо значење, второстепен, несуштествен. Ситни подробности. Ситни улоги. Ситни забелешки.
7. (прен.) Што е тесноград, низок, нечесен, ситничав. Ситни пакости му приредуваше секој ден.
8. (бот.) Како определба при именувањето на многу растенија со ситен лист, цвет итн.
Членувана форма: ситниот.
Изведени зборови:
- ситно, прил. Ситно пишува. Ситно ја плете косата. Водата на реката ситно се мрешкаше. Дотрчаа девојчињата ситно тупкајќи со нозете. Ситно врне дожд.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ситни пари ‒ ситнина, пари со мала номинална вредност. Ситни риби ‒ безначајни луѓе. Ситни дечиња ‒ мали, нејаки, на кои уште им треба родителска грижа. Ситен добиток ‒ домашни животни со помал раст: овци, кози и др. Ситна душа ‒ ништожен човек со тесни погледи.
Оригинални податоци:
ситен, ситниот прид. 1. Што се состои од мали еднородни делови; сп. крупен, јадар. Ситен дожд. Ситна сол. Ситен добиток. Ситен песок. 2. За чекор, од, оро ‒ што се состои од чекори што следат брзо едно по друго. Ситен од. Ситно оро. 3. а) Што нема голем обем, што нема големи размери. Ситно грозје. Ситни ореви. Ситни шарки. Ситен вез. Ситни колачи. б) Што е под просекот, помал од вообичаеното или од тоа што се очекува. Имаше ситно тело. Ситни плодови (пиперки, домати и др.). 4. Што има мала економска сила; спрот. крупен. Ситни трговци. Ситна буржоазија. 5. Што нема висока положба во општеството или службена положба. Ситни чиновници. Ситни функционери. 6. Што нема поголемо значење, второстепен, несуштествен. Ситни подробности. Ситни улоги. Ситни забелешки. 7. (прен.) Што е тесноград, низок, нечесен, ситничав. Ситни пакости му приредуваше секој ден. 8. (бот.) Како определба при именувањето на многу растенија со ситен лист, цвет итн. ◊ Ситни пари ‒ ситнина, пари со мала номинална вредност. Ситни риби ‒ безначајни луѓе. Ситни дечиња ‒ мали, нејаки, на кои уште им треба родителска грижа. Ситен добиток ‒ домашни животни со помал раст: овци, кози и др. Ситна душа ‒ ништожен човек со тесни погледи. ‖ ситно прил. Ситно пишува. Ситно ја плете косата. Водата на реката ситно се мрешкаше. Дотрчаа девојчињата ситно тупкајќи со нозете. Ситно врне дожд.