ситни

Глагол, несвршен

Значење на ситни:

1. Дели нешто на поситни парчиња, прави нешто да биде поситно. Тој ја ситнеше земјата, ја дробеше меѓу своите прсти. Родителите иако го ситнеа имотот, решија на секого да дадат по нешто.

2. Менува пари во поситни. Обично пари му ситнеше продавачката во киоскот. Тие секој ден ситнат по една илјадарка, не се за жалење.

3. (прен.) Оди или игра со ситни стапки, во одот, на оро и сл. Таа девојка така ситнеше во одот што не остануваше незабележано. Тој ситни кога игра.

Конјугација: ситнат.

Изведени зборови:

  • ситнење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

ситни, ситнат несв. 1. Дели нешто на поситни парчиња, прави нешто да биде поситно. Тој ја ситнеше земјата, ја дробеше меѓу своите прсти. Родителите иако го ситнеа имотот, решија на секого да дадат по нешто. 2. Менува пари во поситни. Обично пари му ситнеше продавачката во киоскот. Тие секој ден ситнат по една илјадарка, не се за жалење. 3. (прен.) Оди или игра со ситни стапки, во одот, на оро и сл. Таа девојка така ситнеше во одот што не остануваше незабележано. Тој ситни кога игра. ‖ глаг. им. ситнење ср.