ситница 1
Значење на ситница:
1. Нешто мало по големина. На масата имаше многу ситници. На тезгите имаше разни ситници.
2. Нешто што нема суштествено значење. Ми зборуваше половина час за секакви ситници. Изгледа дека е ситница, ама не е. Можат да убијат човек и за најмала ситница. Ги казнуваа и за најмала ситница.
3. Подробност, многу мал дел од нешто. До ситници го опишала настанат. На сите до ситници им беше позната неговата биографија.
Множина: ситници.
Оригинални податоци:
ситница1, мн. ситници ж. 1. Нешто мало по големина. На масата имаше многу ситници. На тезгите имаше разни ситници. 2. Нешто што нема суштествено значење. Ми зборуваше половина час за секакви ситници. Изгледа дека е ситница, ама не е. Можат да убијат човек и за најмала ситница. Ги казнуваа и за најмала ситница. 3. Подробност, многу мал дел од нешто. До ситници го опишала настанат. На сите до ситници им беше позната неговата биографија.