ситничар

Именка, машки род

Значење на ситничар:

1. Лице што продава ситни стоки, мал трговец, праматар. Без ситничарите не бива свадба: мониста, копчиња, игли од сè треба по малку.

2. (прен.) Лице што внимава на сите ситници, на нешто што нема суштинско значење. Немој да бидеш ситничар.

Множина: ситничари.

Изведени зборови:

  • ситничарка, и. ж.

Оригинални податоци:

ситничар, мн. ситничари м. 1. Лице што продава ситни стоки, мал трговец, праматар. Без ситничарите не бива свадба: мониста, копчиња, игли од сè треба по малку. 2. (прен.) Лице што внимава на сите ситници, на нешто што нема суштинско значење. Немој да бидеш ситничар. ‖ ситничарка, мн. ситничарки ж.