сив
Значење на сив:
1. Што има боја на пепел, меѓу црна и бела. Сив сокол. Сиво палто. Сиви униформи. Сива пепел. Сиви очи.
2. За време ‒ облачно, смуртено. Сиво есенско утро. Сиво небо.
3. (прен.) Што е еднообразен, неинтересен, безбоен, со еднолична содржина. Сива стварност. Сиви, јалови денови. Сиви еднолични разговори.
Членувана форма: сивиот.
Изведени зборови:
- сиво, прил. Сиво бојадисано.
- сивост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Сива еминенција ‒ влијателна личност без формален статус. Сива економија ‒ начин на заработување, богатење со непочитување на односите и обврските утврдени со законот и со другите прописи.
Оригинални податоци:
сив, сивиот прид. Што има боја на пепел, меѓу црна и бела. Сив сокол. Сиво палто. Сиви униформи. Сива пепел. Сиви очи. 2. За време ‒ облачно, смуртено. Сиво есенско утро. Сиво небо. 3. (прен.) Што е еднообразен, неинтересен, безбоен, со еднолична содржина. Сива стварност. Сиви, јалови денови. Сиви еднолични разговори. ◊ Сива еминенција ‒ влијателна личност без формален статус. Сива економија ‒ начин на заработување, богатење со непочитување на односите и обврските утврдени со законот и со другите прописи. ‖ сиво прил. Сиво бојадисано. ‖ сивост ж.