сивее
Значење на сивее:
1. Прави нешто да стане сиво (небо, светлина). Мракот полека го сивееше небото. Маглата го сивееше денот.
2. Станува постепено сив. Беше попладне и небото кон југ сивееше.
Конјугација: сивеав , сивеаја , сивеал , сивеан, сивеат , сивеев , сивееја , сивеејќи , сивеел , сивеен , сивеј , сивејте .
Изведени зборови:
- се ~ сивее, Се изделува со својата боја, се одразува сиво. Една сенка речиси незабележително се сивееше во лозјето. Над езерото се сивееше планински врв. Неговата силуета се сивееше долго по патот.
- сивеење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
сивее, сивеат; сивеј, сивејте; сивеев, сивееја; сивеел; сивеен; сивеејќи; сивеав, сивеаја; сивеал; сивеан несв. 1. Прави нешто да стане сиво (небо, светлина). Мракот полека го сивееше небото. Маглата го сивееше денот. 2. Станува постепено сив. Беше попладне и небото кон југ сивееше. ● се ~ Се изделува со својата боја, се одразува сиво. Една сенка речиси незабележително се сивееше во лозјето. Над езерото се сивееше планински врв. Неговата силуета се сивееше долго по патот. ‖ глаг. им. сивеење ср.