сјае
Значење на сјае:
1. За извори на светлина, осветлени тела ‒ силно свети; испушта сјај; пушта зраци. Јулското сонце сјаеше сè посилно. Ноќта беше блага, а на небото сјаеше бледа месечина. На темносиниот свод сјаеја ситни ѕвезди.
2. (прен.) Блеска, свети; се одликува со беспрекорна чистота. а) За предмети, просторија и сл. Собата сјаеше во секое време. Избришаните прозорци сјаеја на утринското сонце. Лакираниот паркет сјаеше. б) За очи, лице и сл. ‒ блеска изразувајќи некое силно чувство на радост, среќа. Тој просто сјаеше од радост кога ја виде. Лицето ѝ сјаеше, очигледно дека беше среќна. Костенливи очи сјаеја под густите веѓи.
Коњугација: сјаат , сјаев , сјаеја , сјаел , сјаен, сјај , сјајте .
Изведени зборови:
- се ~ сјае, Се одликува со блесок, чистота. Очигледно беше добра домаќинка, куќата се сјаеше од чистота. Езерото прекрасно се сјаеше на пладневното сонце. Полна месечина се сјаеше таа вечер, осветлувајќи го и одајчето.
- сјаење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
сјае, сјаат; сјај, сјајте; сјаев; сјаеја; сјаел; сјаен несв. 1. За извори на светлина, осветлени тела ‒ силно свети; испушта сјај; пушта зраци. Јулското сонце сјаеше сè посилно. Ноќта беше блага, а на небото сјаеше бледа месечина. На темносиниот свод сјаеја ситни ѕвезди. 2. (прен.) Блеска, свети; се одликува со беспрекорна чистота. а) За предмети, просторија и сл. Собата сјаеше во секое време. Избришаните прозорци сјаеја на утринското сонце. Лакираниот паркет сјаеше. б) За очи, лице и сл. ‒ блеска изразувајќи некое силно чувство на радост, среќа. Тој просто сјаеше од радост кога ја виде. Лицето ѝ сјаеше, очигледно дека беше среќна. Костенливи очи сјаеја под густите веѓи. ● се ~ Се одликува со блесок, чистота. Очигледно беше добра домаќинка, куќата се сјаеше од чистота. Езерото прекрасно се сјаеше на пладневното сонце. Полна месечина се сјаеше таа вечер, осветлувајќи го и одајчето. ‖ глаг. им. сјаење ср.